100 години фудбал во Прилеп

ПРИЛЕП: И ВО НАЈЛОШОТО СЕКОГАШ ИМА – ДОБРО!

Ова е една стара мудрост од источните филозофии. Според нив, и во најбелото (позитивното) секогаш се наоѓа по нешто црно (негативно), а во најцрното (негативното) секогаш има по нешто бело (позитивно). Ова се потврди пролетта и летото 2000 година.

Што се случи? Екипата на Победа во финалето од Купот на Македонија, на 20 мај 2000 година, среде Прилеп загуби од Слога Југомагнат со катастрофални 0:6. Пораз кој не се заборава. На многумина прилепчани толку тешко им падна, што плачеа. И славниот фудбалер Димче Москоски – Малако не издржа, плачеше на 85 години.

Но, да се вратиме на мудроста „и во најцрното (негативното) секогаш има по нешто бело (позитивно)“. Само 80 дена подоцна, на 10 август прилепскиот тим гостуваше во Крајова, кај романскиот претставник во претколото од Купот на УЕФА, Универзитатеа. Домашните беа фаворити и се очекуваше висока победа. Но, се случи сензација, 1:1, со израмнувачкиот гол на Николче Здравески во последната минута. На прес-конференцијата веднаш по мечот, тренерот на Универзитатеа Флорин Марин беше лут оти добил погрешна претстава за противникот, со денови гледајќи ја снимката каде прилепчаните примија 6 гола.

– Не е фер, добивме снимка на која немаше ништо од овие квалитети на Победа – се пожали Марин.

Така произлезе дека катастрофата со Слога излезе на арно, бидејќи Победа го постигна најголемиот успех во историјата, преку победата на реваншот дома со 1:0 пак со гол на Николче Здравески – за пласман во 1. рунда од Купот УЕФА, против италијанскиот гигант Парма.

На двата меча со Универзитатеа, за Победа настапија: Боби Тенев, Игор Николаевски, Благојче Нацев, Јордан Манев, Тони Наумоски, Николче Здравески, Раде Каранфилоски, Влатко Стојчевски, Да Силва Жилсон, Дарко Диниќ, Панче Ристовски, Горанчо Тодоровски, Панче Ќумбев, Тони Мегленски, Васко Стефанов, Тренер беше Никола Илиевски – Џиџи, клупски претседател Хари Хаџи-Ристески, директор Александар Забрчанец – Ацуле, спортски директор Марјан Стојковски – Манта, секретар Трајче Маџоски.

 

Од категоријата

ПРВИОТ ШАМПИОНСКИ ПЕХАР ЗА ПОБЕДА

Зоран Иге

ФУДБАЛ НА КИНО ЗА ПРИЛЕПЧАНИ!

Зоран Иге

СИРЕНИТЕ ЗАСВИРЕА КАКО ЗА БОМБАРДИРАЊЕ – ИГРАТА ЗАСТАНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе