Шах

ЖЕНСКИ КЛУБ СО СИТЕ – МАЖИ!!!

 

Името се повеќе се смета само за форма и воопшто не е нешто што обврзува во поглед на содржината. Едното со другото може а не мора да се поклопува. Таков е примерот со ЖШК (Женскиот шаховски клуб) Прилеп. Самото име би навело на толкување дека овој клуб се состои од шахисти од женски пол, но не е точно. Таму сите се – мажи!!! Само почетната идеја во 2021 година била да биде тоа женски клуб, но подоцна се тргнало во друг правец, а името останало. На првенството на Втората лига на Македонија, одржано од 7 до 13 јули во Струга, ЖШК Прилеп го освои 8. место меѓу 10 тима, со што е обезбедено учество на прилепскиот тим и за првенството в година. Шленови на ЖШК Прилеп се: Звонко Хаџи-Попоски, Методија Томески, Миле Миленкоски, Никола Павлески, Михаил Маркушески, Симон Пазевски, Давид Маркушески, Исмаил Ахмеди и Ѓорѓи Проданоски.

Во врска со шахот, покрај успехот на ЖШК Прилеп, треба да се спомнат уште три прилепски тима. На Фејсбук-страницата на ШК Прилеп има напишано:

„Одлични резултати на прилепскиот шах. На претстојното Екипно првенство на Македонија кое се игра од 23 јули до 1 август 2024 година во Струмица, Прилеп има историски три екипи во Првата лига на Македонија – ШК Прилеп и ШК Пелагон во машка и ЖШК Пелагон во женска конкуренција. Се спремаме за достоен настап и пласман во Купот на европски шампиони кој оваа година се игра во Врњачка Бања, Србија.“

 

Од категоријата

ПЕТ ВИСОКИ ПОБЕДИ

Зоран Иге

ЧУДО: ИГРАШЕ СО КАРПОВ, ОСВОИ ТИТУЛА ПРЕД 48 ГОДИНИ, А ДУРИ СЕГА МУ ЈА ПРИЗНАА!

Зоран Иге

ИГРАЧ НА ПРИЛЕП Е НА ПАТ ДА СТАНЕ СВЕТСКИ ПРВАК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе