Ракомет

ЗА КОГО ЌЕ БИДАТ СЕДУМТЕ НАГРАДИ НА „МИЛЕ НЕШКОВСКИ“ ВО ПРИЛЕП?

Од четврток до недела во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп е Деветтиот меморијален меѓународен ракометен турнир „Миле Нешковски 2024“, во чест и сеќавање на некогашниот играч и ракометар. За Миле Нешковски може надолго и нашироко да се редат спомени, а во во оваа прилика еве што е напишано во книгата „Монографија на прилепскиот ракомет и на РК Тутунски комбинат“ од Миле Талески:

„Миле Нешковски беше еден од најголемите таленти кои се најдоа под закрилата на клубот Тутунски комбинат. Ракометните стручњаци сметаа дека ќе прерасне во еден од најдобрите ракометари. Уште како јуниор стана репрезентативец и интересен за најдобрите клубови. Меѓутоа, му остана верен на својот клуб, со тоа што, со дозвола на клубот, отиде да го проба печалбарскиот леб во Азија, во Саудиска Арабија, во Ал Кјадисиох од Дахри, и кратко време во Борец Тедико. Но, се врати во својот матичен клуб да му помогне во кризните мигови. И тогаш кога беше повреден – стегаше заби и играше, а неговиот придонес подеднакво беше успешен и во одбраната и во нападот. На секоја позиција секогаш се бореше како лав, и според она што го даде во својот клуб беше блиску да се нареди во легендите на прилепскиот ракомет.“

Учесниците и на претстојниот турнир ќе се борат за седумте награди кои ги подготви Организацискиот одбор. Првите три се колективни – за најдобрите три екипи, а другите се индивидуални – најдобар голман, најдобар стрелец, најдобар играч, како и наградата за животно дело.

Натпреварувачката програма стартува в четврток од 18 часот, а влезот за публиката е слободен.

 

Од категоријата

ЗАСИЛУВАЊА ПО 16 ЈАНУАРИ

Зоран Иге

(фото) УШТЕ ЕДЕН КЛУБ НА ГРАДСКИ, ОСВЕН ПОБЕДА!

Зоран Иге

НЕ Е ИСТО БЕЗ ГОЛГЕТЕРОТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе