Прилепчани играат насекаде. Во младинскиот тим на Брера од Струмица во средниот ред веќе две години е 16-годишниот Габриел Талески. Тој настапи на двата меча со Сараево од Босна и Херцеговина (2:2, 0:2) во првата рунда од Младинската лига на шампионите од УЕФА. Меѓу тие што настапија е најмлад. Се работи за голем талент, произлезен од ФШ Тони Прилеп и Пандев талент Прилеп.
Во Брера е уште еден прилепчанец, играч за врска, 19-годишниот Андреј Аризанкоски, кој пред една година настапуваше за Победа, а претходно беше во ФШ Тони Прилеп.