Стрелаштво

ДВА ПРИЛЕПСКИ КЛУБА ВО ТРЕТОТО КОЛО ОД КУПОТ!

Во Охрид се одржа третото коло од Купот на Македонија со воздушно оружје, меѓународна програма. Меѓу учесниците беа тројца стрелци од два прилепски клуба – Стрелец 09 и Нишан 08, во категоријата воздушна пушка. Во натпреварот со пушка за сениори 2. место освои Миле Кремчески (Стрелец 09) со погодени 406,9 круга. Подобар од него беше Драгослав Кудрановиќ (Стрелец, Скопје) со 610,4. Во натпреварот со пушка за јуниори 6. место освои Мартин Димитриоски (Стрелец 09) со 571,8, а на 12. место е Стефан Бабовиќ (Нишан 08) со 516,7. Победник беше прилепчанецот Мартин Ангелески (Стрелец, Скопје) со 622,7.Вкупно беа 50 стрелци, претставници на 9 клуба од 6 града.

Од категоријата

СКОПЈАНИ ГО ЗЕМААТ НАЈДОБРОТО ОД ПРИЛЕП

Зоран Иге

ШЕСТМИНА МАКЕДОНЦИ ВО БОРБА ЗА МЕДАЛ ВО САРАЕВО

Зоран Иге

(фото) ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ СО ДВА МЕДАЛА ОД ДРЖАВНОТО ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе