Синоќа во Битола, во салата „Боро Чурлевски“ Еурофарм Пелистер – Прилеп 46:24, во рамките на 11. коло од Супер лигата на Македонија за мажи. Уште во првото полувреме се наѕираше високата разлика во голови, бидејќи домашните водеа со 23:16. Иако битолскиот тим е фаворит, а прилепскиот аутсајдер, постоеше надеж дека гостинскиот тим ќе се избори за попристоен пораз, со оглед на претходните гостувања. За потсетување, есента 2023 во истата сала Еурофарм Пелистер со 42:29 го совлада Прилеп .
ТАБЕЛА: Алкалоид 20, Еурофарм Пелистер 19, Вардар 18, Охрид 16, Бутел 10, Тиквеш и Прилеп 9, Пролет 8, Куманово и Струга 4, Бисинов 3, Радовиш 1.
СЛЕДНО 12. КОЛО (23/24 ноември): Пролет – Прилеп.