Вечерва во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, во рамките на 7. коло од Втората лига на Македонија, Мега баскет – Црн Дрим 83:79. Вреден триумф на прилепскиот тим врз струшкиот кој досега имаше само еден пораз. По четвртини резултатите беа: 26:25, 13:9, 19:18 и 25:27. Гостинскиот тим се обиде преку шутеви оддалеку и погодени 13 „тројки“, но домашниот покрај 9 „тројки“ се покажа поуспешен во другите елементи. По мечот голема нервоза кај поразениот тим, а домашните молеа да не се тропа по вратите од соблекувалната.
МЕГА БАСКЕТ: Несторовски 4, Кочовски, Јаневски 18, Здравески, Стевановски, Кузманоски 10, Велески 32, Петровски 3, Настески 13, Домлески 3, Чакревски, Филипоски. Тренер: Мико Голубовиќ.
ЦРН ДРИМ: Петрески 5, Здравковиќ 19, Николовски, М. Ѓоровиќ, Д. Шабани, А. Ќамиловски, Узуноски 2, Ј. Ѓоровиќ 6, А. Шабани, Бојоски 4, М. Ќамиловски 35, А. Шабани 8. Тренер: Петар Чочороски.
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО: Мега баскет – Црн Дрим 83:79, Охрид – Работнички 86:63, Борец – Бутел 79:68, Маџари – Водно 121:92, Академија ФМП – Соколи 63:77, Ангели – МЗТ Уни банка 97:50.
ТАБЕЛА: Соколи и Борец 13, Ангели и Црн Дрим 12, Маџари, Охрид и Мега баскет 11, Бутел и МЗТ Уни банка 10, Работнички и Водно 8, Академија ФМП 7.
СЛЕДНО 8. КОЛО (30 ноември): Мега баскет – Борец, Работнички – Маџари, Црн Дрим – Соколи, Водно – Ангели, МЗТ Уни банка – Академија ФМП, Бутел – Охрид.
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА ИКОНИ
НА 076 502 403