Карате

(фото) ТРИМЕЧ ВО КАТИ ПРЕД ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА ТИТО!

Благодарение на Унијата на карате – ветерани на Македонија, формирана пред близу две години, во Крива Паланка се одржа прекрасен настан, собир на едно место на карате-ветераните од три соседни држави – Македонија, Србија и Бугарија. Во салата „Бранители 2001“ цел ден во саботата беше исполнет со карате. Се беше под конец, очигледно со долга подготовка и ангажман на претседателот на Унијата, проф. д-р Чедомир Саздовски и неговиот стручен тим од соработници. Прекрасна програма пред високиот специјален гостин од Србија, Марко Ницовиќ, носител на црн појас 10. дан, дојден со брат му Ѓорѓе и придружбата. Одушевување меѓу сите присутни. За Ницовиќ се знае и дека бил во раководството на Интерпол, последен телохранител на Јосип Броз – Тито и на Слободан Милошевиќ. Зошто е баран инструктор на семинари низ сите страни од светот и сега, кога има 78 години, покажа со изведбата на борба и ката. Светска величина, а толку пристапен. Секому достапен за разговор и за фотографирање.

– Издржувам благодарение на дисциплината, посветеноста и силата на духот.  Ова е едно прекрасно дружење, една силна енергија меѓу нас. Можност за да се сретнеме ние старите пријатели. Се потсетуваме на некогашните средби. Некаде во 1981 година бев во Македонија на повеќе места, а мислам и во Прилеп – ни рече Ницовиќ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Каратето е позитивен пример за сите други спортови. Можеби за некои ќе звучи изненадувачки, но така е. Толку многу активности и на највозрасните, тоа е за восхит. Последниов настан беше во Крива Паланка, не случајно таму. Бидејќи станува збор за македонско место блиско и за Србите и за Бугарите. Но и за гратче во кое се одбележува јубилеј – 50 години карате. Оттука и одлично, беспрекорно домаќинство на кривопаланчаните, предводени од Цане Станојковски и неговите соработници. Уште со самото приближување до гратчето, силно се почувствува тој топол прием. Прво прекрасен дочек во прочуениот манастир „Свети Јоаким Осоговски“, потоа низ градските улици  и на крајот во спортската сала. Пред влезот плакат голем со фотографии, имиња и презимиња на каратисти кои оставиле печат во минатото. Ги гледаме Марко и Ѓорѓе Ницовиќ, Чедомор Саздовски – Жустри, Љупчо Кафеџиоски – Кафето, Златко Пирганоски – Пиргано, Ристо Котев, Љупчо Деловски – Буцо, Зоран Стефковски, Цане Станојковски, Зоран Пејов, Тоше Ристов – Розата, Петар Чешелкоски – Чешело, Христаки Давитковски – Таки, Јорго Огненовски, Арсо Синадинов, Славе Ѓорески.  

 

А таму внатре во салата – содржини за внимание од почеток до крај. На трибината публика, долу паркетот исполнет со карате-ветерани и тренери. По интонирањето на трите химни, преубав ревијален дел со изведба на кати и симулација од борби од помлади и постари карате-мајстори. Милина беше да се гледа како 50-60 каратисти изведуваат ката толку координирано, како еден. Аплаузи силни и долги. Потоа се чинеше оти следи малку одмор, ама ете пак за гледање и за слушање. Настапи Културно-уметничкото друштво од Крива Паланка. И тука координација како кај каратистите, и женските и машките игроорци. Пак долги аплаузи, па дојде на ред и натпреварувачкиот дел во кати поединечно и екипно. Тука вниманието свртено кон Славе Ѓорески, комесар за натпреварување и Арсо Синадинов, претседател на Судискиот одбор. Двајцата прилепчани. А прилепчанец и Љубе Кафеџиоски, селектор на репрезентацијата на Македонија. Оценките беа високи, нијанси одлучија за пласманите. Кај жените златото е за Елена Димитриовска – Димоска (Македонија), среброто за Маргарита Попова (Бугарија), бронзата за Силвана Трпковска (Македонија). Кај мажите: златото за Зоран Пејов (Македонија), среброто за Сретен Јевтиќ (Србија), бронзата за Миодраг Николиќ (Србија). Во кати екипно златото е за Бугарија, среброто за Македонија. Македонија ја сочинуваа: Кенан Асани, Силвана Трпковска и  Елена Димитриовска – Димоска (Скопје),  

 

 

ПРИЛЕП, ВАЖЕН КАРАТЕ-ЦЕНТАР

Покрај Скопје и Штип, важен центар на каратето во државава се смета и Прилеп. Оттука прилепчаните се меѓу најбројните секаде и секогаш, така и во Крива Паланка. Таму ги видовме: Петар Камчески – Пената, Менде Иваноски, Петар Чешелкоски, Златко Пирганоски, Златко Миткоски, покрај веќе спомнатите Славе Ѓорески и Љубе Кафеџиоски – Кафето, како и Орде Спасески и Арсо Синадинов, прилепчани од Скопје.

Покрај ова, прилепчани биле и двајцата владици и уште некој во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“.

 

ПРИЛЕПСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Не само во спортскиот дел, прилепчаните имаа придонес и во поглед на обезбедувањето на карате-настанот во Крива Паланка. За да помине се безбедно се погрижи агенцијата „МК секјурити“ со тим под раководство на комесарот за безбедност Златко Миткоски. Сите презадоволни оти се помина во најдобар ред.

Настанот заврши доцна вечерта со неизбришливи спомени, така што наскоро се очекува следна меѓународна дружба на друго место.

 

ДОСТАВА НА ДОМАШНА АДРЕСА

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО

ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ…

СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

 

Од категоријата

ЛЕГЕНДИТЕ ОД 20 ВЕК АКТИВНИ И ДЕНЕС!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ТЕОДОР СТОЈАНОСКИ Е МАКЕДОНСКИ ШАМПИОН И ПОТЕНЦИЈАЛЕН ПАТНИК ЗА ЕВРОПСКО!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ТЕО НА 14 ГОДИНИ ИЗБОРИ УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКОТО ВО ПОЛСКА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе