Шкупи е новиот македонски фудбалски шампион, а една од честитките е од третолигашот Големо Коњари, наследник на некогашното Братство. Овој клуб од ОФС Прилеп е средина од каде израсна сегашниот шеф на Стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски, чиј асистент е уште една прилепска легенда, Тони Мегленски, додека еден од играчите е прилепчанецот Марјан Радески. Од клубот Големо Коњари, претендент за висок пласман во тековното првенство, со задоволство информираат дека договорен е пријателски меч со Шкупи на стадионот „Чаир“, за в среда во 17 часот.
Според ова, закажаниот за в среда првенствен третолигашки дуел Динамо – Големо Коњари треба да биде одложен.