Пинг-понг

ОДАМНА НЕМАЛО ТОЛКУ ПУБЛИКА КОЛКУ ВЕЧЕРВА

Екипата Црна Река петрол е победник во првото издание на пингпонгарската Бизнис лига – Прилепска пиварница, преку победата од 4:3 против Нотар Маркоски. Беше израмнет, неизвесен меч до самиот крај, а публиката уживаше во пингпонгарската сала до ДТВ Партизан. Толку публика, околу 50-ина, одамна немало во овој објект. Победникот се реши дури во последната партија во двојки.

На мечот имаше интересни потези и чудни ситуации. Во еден момент топчето беше удрено нагоре, тоа ја надвиси неонската светилка, не удри никаде, ни во таванот, падна на масата и играта подолжи.  Победникот е награден со пехар, медали, диплома и тридневен престој со одигрување пријателски натпревар во Црна Гора. За вториот Нотар Маркоски и  третопласираниот Матадор беа медали и диплома.  Наградите ги доделија Златко Рикалоски, член на УО на Пингпонгарската федерација на Македонија и Марјан Матракоски, претседател на ППК Младост 96, шампион на Македонија.

Беше масовно, учествуваа 16 екипи,  а наесен се очекуваат уште повеќе.

 

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНИ: ШЕСТ МЕЧА – ШЕСТ ПОБЕДИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ СО 18 МЕДАЛИ!

Зоран Иге

МАЈСТОРИ И СО ТОПКА И СО ТОПЧЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе