Ракомет

МЕЧ ЗА РАЗДЕЛБА НА ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА СО КУЗМАНОСКИ

Утревечер е претпоследното, 9. коло од плеј-аутот на машката ракометна Супер лига, всушност последно за екипата на Прилеп пред својата публика во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ против ривалот Струга. Пред таа публика последен пат екипата ќе ја води шефот на Стручниот штаб Горан Кузманоски – Таста, кој одлучи да се раздели со клубот во кој беше две години, така што се очекува да одбере од трите понуди во државава и странство. Под негово водство екипата двапати обезбеди опстанок, со можност да се освои вкупно 8. место во Супер лигата, или второ во плеј-аут групата. За тоа да се оствари потребна е победа над Струга. Значи – мотивацијата е тука, тој план, 8. место го поттикнува прилескиот тим за да ги вложи сите сили. Оттука значењето на дуелот и за публиката, која ќе ја даде поддршката за да се совлада противникот кој е место повисоко на табелата. Струга е втора со 14 бода, пред Прилеп со 12, па ако прилепскиот тим победи, втор е сигурно, со оглед на тоа што стружаните се слободни во последното коло.

Утрешниот меч Прилеп – Струга е во 18,30 часот.

Од категоријата

ГРЦИТЕ ВО ПРИЛЕП СО МАКЕДОНЕЦ НА ГОЛОТ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: СЕ ПОБЛИСКУ Е ДЕНОТ ЗА ПУШТАЊЕ НА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ПОЧНУВА В ПОНЕДЕЛНИК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе