СЕКОЈ ГЛЕДА ОД СВОЈ АГОЛ, ова може да се заклучи по спротивните оценки за судењето на фудбалскиот прволигашки натпревар Скопје – Победа 1:0. Додека Победа се жалеше, имаше многу забелешки, ФФМ се посвети на две ситуации со пофалба на арбитражата.
Еве како гласи анализата од ФФМ:
„На натпреварот ФК Скопје – ФК Победа одигран на 04.09.2022 година, анализирани се ситуациите 30. и 64. минута. Главен судија: Димитар Пилешков; Помошни судии: Христијан Џонов и Бојан Андевски;
- минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од Победа центрираше висока топка кон соиграч пред шеснаесетникот на Скопје, играчот од одбраната на Скопје направи прекршок над играчот на Победа додека топката патуваше кон играчот и не беше во посед на топката. Исправна одлука на судијата што досуди слободен удар и додели жолт картон за играчот на Скопје, бидејќи контактот беше надвор од шеснаесетникот и играчот на Победа ја немаше топката во посед и контрола .
- минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден гол)
Центрирана топка во шеснаесетникот на Скопје, играч од нападот на Победа ја удри топката со глава кон голот на Скопје, на самата гол линијата голманот ја изби топката и го одбрани ударот. Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи голманот го одбрани ударот на самата гол линија. За голот да биде признат топката треба со целиот свој обем да ја помине гол линијата, што не беше во овој случај.“