Фудбал

(ФОТО+СТАТИСТИКА) СТРУЖАНЕЦ ЈА НОКАУТИРА СТРУГА ВО ПРИЛЕП!

Второ изненадување приреди Победа денеска на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. По сензационалните 3:0 врз Силекс во Кратово, сега нови 2:0 над лидерот Струга, во 12. рунда на фудбалската Прва лига на Македонија. Стрелец: Атхе Мазари. Стружанецот во 31. минута од „мртов“ агол, одлево со удар по тревата ја затресе мрежата, а во 79. минута го помина голманот и со топката влезе во голот. Заслужен триумф на прилепскиот тим, во кој многу прилепчани не веруваа дека може нешто да направи денеска. Можеби затоа не дојдоа во голем број на трибините (само околу 1000), а причина секако е тоа дека е работен ден, па и пазарен,

ПОБЕДА (4-3-3): Тофилоски – Бошески, Хани, Стомнароски, Паноски – Дадет, М. Наумоски (70. Галевски), Тодороски (51. Петејчук) – Тодоров, Б. Спиркоски (80. Делов), Мазари. Тренер: Бобан Бабунски.

СТРУГА (4-4-2) : Китановски – Радиќ (70. Малиќи), Илиески, Пере (46. Малески), Мерџани (70. Таири) – Јахја (46. Мухарем), Шабани, Касами, Кочоски – Јусуфи, Ибраими. Тренер: Срѓан Захариевски.

ПОБЕДА – СТРУГА СТАТИСТИКА

6/4 удари/в гол 2/1

0 корнери 8

5 офсајди 3

25 прекршоци 13

4 жолти картони 2

0 црвени картони 1 (Мерџани 74. по излегување од игра)

 

ДРУГИ МЕЧЕВИ: Скопје – Шкендија 0:1, Работнички – Силекс 0:1, Шкупи –  Тиквеш 4:2. Вчера Брегалница – Академија Пандев 1:0. ИДНО 13. КОЛО (30 октомври во 13 часот): Тиквеш – Победа, Македонија ЃП – Шкупи, Струга – Брегалница, Академија Пандев – Работнички и Силекс – Шкендија.

 

Од категоријата

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ „ЧИН-ЧИН КУП“ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

И ЧЕТВРТИ ГОЛ ВО КОЧАНИ, НА ДУЕЛОТ ОСОГОВО – ПОБЕДА!

Зоран Иге

РАБОТНИЧКИ БЕЗ ШЕФ НА СТРУЧЕН ШТАБ УСПЕА ДА ПОБЕДИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе