Фудбал

ВО ПРИЛЕП ГОСТУВА СИЛЕН ТИМ СО САМО ЕДЕН ПОРАЗ!

Попладнево (14 ч.) на игралиштето со вештачка трева во Прилеп е интересен меч Деспина – Ас унитед, од 7. рунда на фудбалската Прва женска лига на Македонија. Прилепскиот тим е во нагорна линија, подобар од минатото првенство, со оглед на повеќе засилувања, меѓу кои и три од странство – голманката Иман Шљиво од Босна и Херцеговина, офанзивните Николина Батиниќ  и Жељана Максимовиќ од Србија. Екипата Ас унитед од Струга е моќен противник, иако нема фудбалерки од странство. Есенва петпати победи и само еднаш загуби, од шампионот Љуботен во Тетово.

Судиската тројка е од Битола, предводена од Дени Лековски.

Од категоријата

ПРВО РАКОМЕТ, ПА МАЛ ФУДБАЛ

Зоран Иге

ЗА ПЕХАРОТ ЌЕ СЕ БОРАТ ЕКИПИ ОД ПРИЛЕП, БИТОЛА, ОХРИД, СКОПЈЕ, КАВАДАРЦИ…

Зоран Иге

ПРИЛЕП ГИ СОБИРА ФУДБАЛСКИТЕ НАДЕЖИ ОД БАЛКАНОВ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе