Фудбал

(фото, состави) ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ, А БОРБА КАКО ЗА БОДОВИ И СО ЦРВЕН КАРТОН ВО ПРИЛЕП!

Пријателски, но многу борбен меч со остри стартови беше денешниот помеѓу второлигашите, прилепска Победа и Македонија ЃП од Скопје. Така беше од почетокот до крајот. Уште во воведниот дел беше покажан црвен картон за домашниот тренер Јане Николоски. Тој приговори за судиска одлука, бидејќи сметаше дека имало ситуација за пенал во полза на Победа во гостинскиот шеснаесетник, а за возврат доби исклучување па мораше советите до екипата натаму да ги дава од трибината.

Првото полувреме заврши без голови. Иако гостите се заканија, и овојпат одлични и сигурни одбрани на домашниот капитен, голманот Антонио Столевски. Завршниот удар недостигаше на спротивната страна, кога во напад беше Победа. Сепак, во второто полувреме Победа дојде до водство. По остар шут во аголот, од слободен удар, Никола Талески се запиша меѓу стрелците за 1:0. Се чинеше дека Победа ќе успее да го зачува водството, но при една ситуација кога домашните ја имаа топката, таа беше погрешно упатена пред шеснаесетникот, одземена од гостите и додадена до осамениот Марио Станковски кој ја погоди мрежата за 1:1.

ПОБЕДА: Столевски, Богевски, Миланоски, Андоновски, Л. Петејчук, Кофиловски, Ангелковски, Ристов, Ѓурчиновски, Д. Шаркоски, Н. Талески. Настапија уште: Новески, Д. Дебрешлиоски, М. Талески, Паскоски, С. Спиркоски, Арифи. И. Трајкоски, Тасески, Табаковиќ.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Евфремов, Пецов, Попзлатанов, Лембовски, Темелков, Вецески, Маркоски, Сфијановски, Станковски, Христов, Стојчевски. Настапија уште: Џангаровски, Анастасиевски, М. Славков, М. Наумоски, Нурединовски, Мартиновски, А. Славков. 

Последниот тест-меч на Победа е в сабота, со Кожуф во Гевгелија.

 

Од категоријата

(состав, стрелци, резултати, табели) ПОБЕДА ГО СОВЛАДА ВАРДАР ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

ПОБЕДА И ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА ПРОТИВ СИЛНИОТ АРСИМИ!

Зоран Иге

ПОБЕДА: ДОЈДЕ КРИЛЕН НАПАЃАЧ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе