Традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ ќе се одржи оваа година по тригодишна пауза. Последниот турнир беше зимата 2019 година во Универзалната сала во Прилеп. Како што дознаваме, веќе е оформен Организационен одбор, а деновиве треба да се знаат сите детали, пред се местото каде ќе се одржи.
Предложено е турнирот да се случи меѓу 10 и 25 декември.