Фудбал

СЕКАДЕ СИМПАТИЗЕРИ НА ПОБЕДА, ПА И ВО БЕЛГРАД!

Каде и да гостува Победа, таму се и нејзините симпатизери. Така и попладнево во Белград. Од главниот град на Србија ни се јави Марко Нешиќ, чија мајка е родум од Прилеп, па од дете е приврзан за Победа. Тој  иако со работни обврски, совреме стигнал до стадионот на Вождовац, каде била уште една жена која сакала да го гледа натпреварот со српскиот суперлигаш. 

– Пред влезната врата некое службено лице ни рече дека не е предвиден влез, бидејќи мечот бил од затворен тип. Така, единствено успеав само да го фотографирам паркираниот автобус на Победа – ни јави Марко. 

Според клупските информации, конечниот резултат е 1:0 за Вождовац, а Победа се претстави во добро издание. Мечот е одигран на добар терен и убав објект.

  • Интересен стадион. Подигнат е на трговски центар. Прво е трговскиот центар, а од неговиот покрив почнува стадионот. Кога бев дете, пред две децении, тука беше маалско игралиште, а сега е мал но убав стадион – вели Марко Нешиќ. 
  •                                                                              
  • Победа не се враќа веднаш, туку утре (среда) во Крупањ ќе одигра пријателски меч со српскиот прволигаш Лозница.

Од категоријата

И ЧЕТВРТИ ГОЛ ВО КОЧАНИ, НА ДУЕЛОТ ОСОГОВО – ПОБЕДА!

Зоран Иге

ДАНОСКИ СО ПОБЕДОНОСЕН ГОЛ ВО СРБИЈА!

Зоран Иге

БОБИ МИЛЕВСКИ: ДАЈТЕ СЕ ОД СЕБЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе