Екипата на Прилеп со 31:28 ја совлада Струга, во 3. рунда од плеј-аутот на ракометната машка Супер лига на Македонија. Беше интересен дуел во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. На полувремето водеа стружаните со 17:16, но во вториот дел настана пресврт и недостижно домашно водство за конечни 31:28 за прилепскиот тим. Така, на табелата Прилеп се врати на првото место, со оглед на поразот на Скопје во Неготино.
Во следното коло Прилеп дома игра со неготински Вардар.
ТАБЕЛА: Прилеп и Скопје по 8, Куманово и Вардар Н. по 7, Голден арт 6, Јуниор КВ и Струга по 3, Радовиш 2.