100 години фудбал во Прилеп

РАСТАЖЕНИ 15 ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ!

Само два гола ја делеа Победа од опстанок во Втората југословенска лига, летото 1980 година. На мечот од последното 30. коло на 22 јуни, Победа – Трепча 5:1, двата бода беа доволни, но гол-разликата не. Да беше 7:1, прилепскиот тим ќе останеше во лигата, наместо ОФК Титоград. На крајот двата тима имаа по 25 бода, ОФК Титоград гол-разлика 38:50, Победа 36:49. Тогаш прв критериум за пласман беше бројот на освоени бодови, втор критериум гол-разликата, трет критериум бројот на постигнати голови.

Победа се надмина себеси и го совлада силниот тим на Трепча од Косовска Митровица (до претходното коло кандидат за првото место) со 5:1 со головите на Јове Магдески, Гоце Манески, Владо Настески и два на Љупчо Георгиевски. Се чинеше дека тоа е сосема доволно за опстанок, во очекување пораз на ОФК Титоград на гостувањето кај Мајданпек. Но таму беше само 1:1, во полза на ОФК Титоград. Мајданпек очигледно беше немотивиран, бидејќи победата му вредеше само ако Победа одигра нерешено. Долго време дел од 15 илјади гледачи останаа на стадионот во Прилеп да го слушаат разгласот, кој ги растажи со веста за ремито во Мајданпек.

Тренер на Победа беше Србинот Радосав Гвозденовиќ.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН ЗАКЛУЧЕН, А ПУБЛИКАТА ПАК ТУКА!

Зоран Иге

КАКО ИСЧЕЗНА ВРЕЌАТА ПАРИ ОД ВЛЕЗНИЦИТЕ?

Зоран Иге

ЖАЛ ШТО ОД ПРИЛЕП НЕ ЗАМИНА ВО СПЛИТСКИ ХАЈДУК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе