100 години фудбал во Прилеп

ПРЕД ДА КАЖЕ ЗБОГУМ – ОДБРАНИ ЧЕТИРИ ПЕНАЛИ!

Којзнае дали некогаш се има случено, освен точно пред 50 години, летото 1973 година. Тогаш квалификациски натпревари за опстанок во Втората лига на Југославија одиграа Победа (Прилеп) и ГОШК Југ (Дубровник). Првиот меч во Дубровник заврши со триумф на Победа со 3:0, со два гола на Ристо Глигороски и еден на Гоце Манески. На тој меч дури три пенали одбрани голманот Благој Истатов. На теренот од стадионот „Лапад“ прво шутираше Марио Бониќ – Истатов одбрани, но судијата досуди повторување на пеналот. Овојпат од белата точка шутираше Анте Голијан – Истатов вторпат одбрани. Подоцна во играта е досуден уште еден пенал. Го изведе Давор Накиќ – Истатов пак несовладлив.

На реваншот во Прилеп, Победа победи со 2:0, со гол на Ристо Глигороски и еден автогол. И на мечот на теренот од стадионот „Гоце Делчев“ е досуден пенал за ГОШК Југ. Го изведе најдобриот голгетер на тимот Марио Бониќ. Шутираше со сета сила, но топката се одби од гредата и – Истатов по четврти пат несовладан. Победа во групата со ГОШК Југ и ОФК Титоград го освои првото место и остана и натаму член на Втората југословенска лига.

Благоја Истатов по завршувањето на овие квалификации се пресели во прволигашот Партизан од Белград.

Од категоријата

МНОГУ ГЛЕДАЧИ – МАЛКУ ПРОДАДЕНИ БИЛЕТИ!

Зоран Иге

ГОЛ ЗА ПОБЕДА ВО МЕШАНИЦА ОД 20 ИГРАЧИ!

Зоран Иге

ЖОНГЛИРАЊЕ ВО ПРИЛЕП: ДА НЕ ПАДНЕ ТОПКАТА НА ТРЕВА 35 КРУГА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе