Во спортот вредности се возраста и долгата кариера. Ракометарката Мери Гичева е со долга кариера од над 20 години, а неа не ја завршува и покрај тоа што има наполнето 39. Летово таа од Косово се врати во родниот Прилеп и ќе игра во Деспина, екипа член на Супер лигата на Македонија. Нејзиното богато искуство (беше членка на Тутунски, Жито Прилеп, во Косово, Романија…) е добредојдено во составот каде доминира младоста. Покрај играч, таа ќе биде и тренер, во Младинската школа од клубот.
Значајно за Деспина е што има и други повратнички.
– Имаме старо-нови играчи, како Ангела Камческа, Сања Цветкоска, Евгенија Цаневска, Лилјана Димитрова, Елена Рипилоска. Тука се и кадетските репрезентативки Магдалена Ѓорѓиоска, Маја Ристеска, Андреа Конеска, Симона Спиркоска, како и досегашните првотимки Весна Христоска, Михаела Стојкоска, Мери Спиркоска, Ивона Ристевска – информира Зоран Спиркоски, секретар на ЖРК Деспина.
Тренер на сениорките и натаму е Страшо Илиески.