Фудбал

ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА ДОЖДОТ ВО ПРИЛЕП!

Сите очекувања беа Цевитана да постигне победа денеска со Шкендија, на теренот со вештачка трева во Прилеп, во 10. коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија.. Но, по дождливото време гостинскиот состав ги освои трите бода со резултат 1:2. Прилепската екипа поведе со голот на Фросина Трипчевска во 34. минута. Во второто полувреме Рона Рустеми постигна два гола, во 58. и 79. минута, за конечни 1:2 во полза на Шкендија. Изненадување, со оглед на местата на табелата и освоените бодови досега (Цевитана шесто со 12, Шкендија осмо со 4)

РЕЗУЛТАТИ: Цевитана – Шкендија 1:2, Топ гол – Речица 4:1, Љуботен – Тиверија 4:0, Ас унитед – Саса 5:5, Истатов – Скопје утре.

ТАБЕЛА: Саса 26, Љуботен 25, Тиверија 19, Ас унитед 17, Скопје 13, Цевитана 12, Истатов 9, Шкендија 7, Топ гол 5, Речица 2.

СЛЕДНО 11. КОЛО: Скопје – Цевитана, Истатов – Топ гол, Шкендија – Ас унитед, Саса – Љуботен, Тиверија – Речица.

Од категоријата

НА 93 ГОДИНИ СЛУША ПРЕНОСИ ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

МЕЧОТ ЌЕ ПОЧНЕ ОД 19. МИНУТА!

Зоран Иге

МАКЕДОНИЈА САМО НА АРЕНА СПОРТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе