Синоќа продолжи Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“, со два меча од третиот ден. Публиката во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ уживаше во убавиот фудбал, борбеноста и фер-однесувањето.
На првиот меч се сретнаа Бест солар/Таг балкан (Прилеп) со Теута (Норово). Екипата од Норово изгледаше дека е аутсајдер, со мошне млад состав. Меѓутоа, момчињата изненадија и поведоа со 2:0. Дури потоа екипата од Прилеп возврати и успеа да израмни на 2:2, а по изведувањето серија пенали и да победи.
На вториот дуел, Велес 2023 – Етно-ресторан „Бабино“. Иако екипата има име Велес 2023, за неа настапија некогашни познати прилепски фудбалери, како Тони Мегленски, Игор Мирчески, Дарко Вршкоски, Александар Крстески… Нивниот тим победи со 3:0.
РАСПОРЕД ЗА ДЕНЕСКА (ВТОРНИК)
18:00 Ла страда – Зобома
18:45 Млекара „Јока“ – БП Метал
19:30 Фенербахче – Могила
20:15 Фенербахче – Дино 99
21:00 Инекс Олгица – Бутик „Мадагаскар“/Табана кафе