Фудбал

 (фото, состави, стрелци) „НОЖИЧКИ“ И СЛОБОДЕН УДАР ПРЕСУДНИ ЗА ФИНАЛЕ!

Прилепчани и вечерва ја наполнија салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Наместо телевизиски пренос за финалето на ФИФА за светски клупски шампион, Манчестер сити – Флуминенсе, избраа полуфиналиња за Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“. Изборот е оправдан, со оглед на убавината на играта од сите четири полуфиналисти, неизвесноста и драматиката до крајот. За да биде се најрегуларно, организаторите обезбедија ВАР-систем, првпат кај нас за ваков вид турнири.

При првото полуфинале, АСП Пак (Охрид) – Бест солар/Тагас Балкан (Крушево) беше голема и рамноправна борба во поголемиот дел од мечот. Сепак, охриѓаните стигнаа до триумфот, а пресуден беше вториот гол што го постигна Христијан Петкоски, на атрактивен начин, со „ножички“.

АСП ПАК (Охрид) – БЕСТ СОЛАР/ТАГАС БАЛКАН (Крушево) 3:1

АСП ПАК: Наум Тауловски, Дејан Милошевски, Мишо Ѓорѓиовски, Никола Секуловски, Боге Бимбиловски, Христијан Петкоски 1, Шенол Меди 1, Џихан Исмаил 1, Бошко Наумоски, Нико Пластиноски.

БЕСТ СОЛАР/ТАГАС БАЛКАН: Васко Петкоски, Оливер Велески, Антонио Димоски, Борче Сркески, Бојан Миланов, Бојан Мораво, Енис Фазлиовски, Онур Имеровски, Петар Симоновски, Ѓорѓи Стрезоски 1.

Во второто полуфинале победникот се чекаше до последната секунда. Пресврти во играта и резултатот. На две минути пред крајот одлучи слободниот удар на Марјан Ристески за тресење на мрежата, по кој продолжи битката, но без израмнување.

ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ (Прилеп)КОМПАНИЈА АТАНАСОВСКИ (Скопје) 4:3

ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ: Јорданчо Наумоски, Мартин Никовиќ 1, Марио Наумоски, Димитар Чоков, Антонио Столевски, Давид Јошески, Дарко Анѓелески, Марјан Ристески 3, Благоја Спиркоски, Дарко Илиески.

КОМПАНИЈА АТАНАСОВСКИ: Андреј Јаневски, Михајло Митрев, Стефан Богдановски 3, Александар Божинов, Лазар Пеев, Кристијан Ристески, Виктор Ристески, Никола Спасоски, Димитар Јанев, Бојан Јанев.

Според ова, в недела за 3. место е мечот Бест солар/Тагас Балкан – Компанија „Атанасовски’, а финалето АСП Пак – Теа Андреа/Хајв кафе.

ПЕНАЛИ КАЈ ВЕТЕРАНИТЕ

Публиката виде и две ревијални средби. Првата, помеѓу ветераните на „Прилеп“ и „Паркетар Горан“ заврши нерешено 3:3, а на пенали победи „Прилеп“ со 2:1. Вториот, на кој настапија женски екипи од големиот прволигашки фудбал, го доби Цевитана (Прилеп) со 3:1 врз Топ гол (Битола).

Утре од 16 часот е програмата во истата сала за завршницата кај пионерите, а в недела се сениорските натпревари, малото и големото финале.

 

Од категоријата

ПОБЕДА ПОЧНУВА СО ПОДГОТОВКИТЕ

Зоран Иге

(ФОТО+СТАТИСТИКА) СТРУЖАНЕЦ ЈА НОКАУТИРА СТРУГА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(резултати, табели, стрелци) КАДЕТИТЕ НА ПОБЕДА СО ТРИ БОДА ОД ШТИП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе