Фудбал

(фото) ПОБЕДА ПОЧНА СО НАД 20 ФУДБАЛЕРИ!

Се случи првиот овогодишен собир на фудбалскиот второлигаш Победа, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Стручниот штаб, предводен од Јане Николоски и помошниците Жаре Димески и Стојанче Дунимаглоски, првиот тренинг го одработи со над 20 фудбалери, главно млади, талентирани играчи. Предводници се двајцата голмани, Иван Николоски и Антонио Столевски.

Според планот за работа, покрај тренинзи ќе има и седум пријателски меча. Еве го редоследот: Победа – Тиквеш (21 јануари), Охрид – Победа (24 јануари), Победа  – Вардар Н. (27 јануари), Кожуф – Победа (31 јануари), Победа – Арсими (4 февруари), Победа – Пелистер (7 февруари), Борец – Победа (11 февруари) во пресрет на првиот пролетен дуел Тетекс – Победа, на 17 февруари.

Според традицијата, на првиот собир присуствуваа неколку гледачи, симпатизери на Победа.

Од категоријата

ПОБЕДА: ИСТИ ИГРАЧИ ДО ОПСТАНОК И ВО ВТОРА И ВО СУПЕР-ЛИГА!

Зоран Иге

ЧЕТВРТФИНАЛЕТО ПРЕДАЛЕКУ ЗА ПРИЛЕПЧАНКИТЕ

Зоран Иге

ЕКИПИ ОД 12 МЕСТА ЗА ПЕХАРОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе