Ракомет

(фото) ПРИЛЕП ОПСТАНА И ГО ТУРНА ПЕЛИСТЕР ВО БАРАЖ!

Екипата Прилеп останува суперлигаш и во следната сезона од Супер-лигата на Македонија. Така е затоа што предмалку во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 – 31:24, полувреме 16:12, во последното 14. коло од плејаутот. Одлична игра на прилепскиот тим, со водство во текот на целиот меч. Заслугата е на екипата, предводена од стрелците – Христи Бикоски и Никола Цветаноски со по 7 гола, Беше последен меч за Филип Велески, кој ја заврши кариерата. Гостите од Битола со поразот паднаа од првото кон третото место од табелата, бидејќи ги надмина и Куманово преку победата од 29:27 со Мултиесенс во Скопје.

Од Супер-лигата отпаѓаат пет тима Мултиесенс, Вардар Н., Голден арт, Скопје и Аеродром. Бараж играат Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш, второпласиран од Првата лига, а нов суперлигаш е Бисинов од Велес.

ТАБЕЛА: Прилеп 36, Куманово 35, Еурофарм Пелистер 2 33, Вардар Н. 24, Мултиесенс 23, Голден арт 19, Скопје 6, Аеродром –12.

Од категоријата

(ФОТО) ПРИЛЕПЧАНКИТЕ ПОЧНАА ОД 4. КОЛО

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО СИЛЕН ОТПОР НА ЛИДЕРОТ

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО ПОБЕДА ПРЕТЕНДИРА ЗА 2. МЕСТО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе