Фудбал

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ТРИПАТИ СО РЕД ИГРА ДОМА!

Долгите три недели пауза, поради настапите на А-репрезентацијата, Младинската до 18 години, како и Аматерската репрезентација, го изменија редоследот во Втората фудбалска лига на Македонија. Така, наместо четвртото, прво се игра петтото коло. Според тоа, екипата Победа в недела (15 ч.) гостува кај Беласица во Струмица, а в среда (15 ч.) дома игра со тетовски Арсими, во рамките на четвртото коло. Потоа, в сабота на 28 септември (14 ч.), е мечот дома со Охрид, од шестото коло. И четири дена потоа (2 октомври во 14 ч.) Победа е домаќин, го игра мечот од 16-финалето за Купот, против прволигашот Гостивар. Значи – по мечот со Беласица, прилепскиот тим трипати со ред игра дома. 

ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Брегалница  9, Кожуф 7, Арсими, Башкими и Новаци 6, Скопје 5, Вардар Н. и Детонит 4, Победа 3. Беласица и Вардарски 2. Саса, Осогово и Охрид 1, Борец 0.

 

Од категоријата

ДЕНЕСКА ЗАГРЕВАЊЕ ЗА БАРАЖ

Зоран Иге

ОДБРАНАТА СТАНУВА ПОЦВРСТА

Зоран Иге

(резултати, состави) ЕДЕН-НУЛА ВО ОХРИД!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе