Моделарство

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ЛУКА СО СИТЕ СИЛИ КОН СВЕТСКИ МЕДАЛ: СО АВТОМОБИЛ ДО СЛОВАЧКА И БРЗО НАЗАД ДО УЧИЛИШТЕ!

Неверојатно голема е желбата на Лука Најдоски да освои медал во воздухопловно спортско моделарство, во генералниот пласман од Светскиот куп, во категоријата Ф1А (едрилици) за јуниори. Со оглед на третото место меѓу 54 јуниори од светот по одржаните 45 светски купа, реални се шансите на Лука да го постигне големиот успех, па оттука и решеноста да учествува на следните два светски купа во Словачка, во близина на Нитра, градот во кој се смета дека починал словенскиот просветител свети Методија.

Прилепчанчето Лука дава се од себе да учествува на овие купови в сабота и в недела, наспроти комлицираната ситуација. Имено, од есенва тој е ученик во Средно воздухопловно училиште во Белград. Според наши сознанија, в петок мора да биде во училиштето до вечерта до 19 часот, а в понеделник мора да е во училиштето утрото во првата смена. Затоа татко му Станислав, познат успешен спортист од воздухопловното моделарство, од Прилеп патува со автомобил до Белград, го зема со себе Лука за да стигне по шест часа потоа до Нитра. Таму е учеството прво в сабота на Светскиот куп „Забокреки куп“, а в недела на „Хого куп“. Целта е двапати да се пласира барем до деветтото место за да освои бодови. Ако остане до крајот на вториот светски куп, тогаш тоа е до околу 19 часот вечерта, па дури тогаш е тргнувањето веднаш назад до Белград, за да биде навреме во училиштето.

Во генералниот пласман во Ф1А, Лука Најдоски (член на клубот Фил феникс од Прилеп) е трет на табелата со 2055 поени, веднаш под Срѓан Врањеш од Босна и Херцеговина со 2066 и Томаш Језиорни од Полска со 2391.

Од категоријата

(ВИДЕО+ФОТО) ТУРЧИН КАКО ФОРМУЛА 1 ЛЕТАШЕ ДРОН ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

МАКЕДОНЦИТЕ СО НОВИ ПОЕНИ ЗА СВЕТСКАТА ЛИСТА

Зоран Иге

(фото) УСПЕШНА ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИОТ ДРОН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе