Во футсалот има динамика, шанси и многу голови. Откако се игра мал фудбал и футсал никој не се сеќава во Прилеп да видел 27 гола на еден меч, од нив 23 во гостинската мрежа. Тоа се случи на натпреварот Победа (Прилеп) – Карадаку (Липково, Кумановско). Резултатот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ е 23:4 за Победа. Стрелци: Илија Ристески 3, Никола Трајкоски 3, Андреј Јолески 6, Нермин Каришик 2, Ангел Барлески 1, Кристи Крајоски 2, Стефан П. Спиркоски 5, Андреј Паскоски 1 (Победа), Омер Саќипи 2, Аки Шукрија 2 (Карадаку). Мечот е во рамките на 1. коло од Втората футсал-лига на Македонија.
РЕЗУЛТАТИ: Победа – Карадаку 23:4, Скопје – Балкан 3:6, Мал Ајакс – Кратово 7:2.
СЛЕДНО 2. КОЛО: Балкан – Победа, Кратово – Кораби, Карадаку – Мал Ајакс, Овче Поле – Скопје, Университи – Конзули, Каршијака – Енхалон.