Во Битола, ,во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија и Општинскиот сојуз на училишен спорт на Битола, во соработка со Стрелачкиот клуб „РЕК Битола“ се одржа Државното првенство во стрелаштво за основни и средни училишта. На натпреварувачите им посакаа успех и им се обратија претставници од ФУСМ, Министерство за спорт и од Локалната самоуправа на Битола.
Во врска со настапите на прилепските претставници, информација добивме за членовите на СК „Стрелец 09“, чиј тренер е Славчо Трајкоски. Тие се освојувачи на два медала со воздушна пушка во конкуренција на врсници од основните училишта – Димитриј Лазарески е втор, а Стефан Бабовиќ трет.
Клубот „Стрелец 09“ е мошне активен. Претходно зеде учество на турнирот по повод 11 Ноември, денот на ослободувањето на Куманово.