Фудбал

ПОБЕДА ДО УЕФА ГО ПРИЈАВИ СТАДИНОТ ВО ПРИЛЕП

Иако е далеку ждрепката за Младинската лига на шампионите од УЕФА (31 август), уште подалеку натпреварите од првото коло (14 септември и 5 октомври), Победа има извршено пријава на терените на кои би можела да игра како домаќин нејзината младинска екипа, шампионот на Македонија. Како прв терен е пријавен од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, објект кого ќе го оцени комисија од УЕФА. Доколку има некои забелешки, клубот ќе преземе активности за корекции. Целта е на прилепската публика да и се овозможи гледање на меч од европско ниво. Последен пат во европски куп Победа на овој терен се претстави во летото 2007, кога сениорскиот тим во квалификациите од ЛШ одигра со естонската Левадија.

За секој случај, како алтернативен терен е пријавен и од Фудбалската федерација на Македонија „Петар Милошевски“ во Скопје.

Од категоријата

ПО ТРИ НЕДЕЛИ „ГЛАД“ ЗА ФУДБАЛ, СЕ ПОЛНИ ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ЛИДЕРОТ ПОБЕГНА ЗА ЧЕТИРИ БОДА!

Зоран Иге

(видео) НАЈАВА ОД ЅВЕЗДА: ПЛАНОТ Е УЧЕСТВО ВО ТРЕТАТА ЛИГА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе