Викендов на Спортскиот аеродром во Прилеп се одржува меѓународен натпревар од спортското воздухопловно моделарство „Македонија светски куп“. Учествуваат 40 врвни пилоти од Македонија, Бугарија и Србија. Борбите се за медали во F-1-A (едрилици), F-1-B (гуменици), F-1-C (клипеници), F-1-Q (електрични), F-1-H (едрилици за помлади пилоти). Има две возрасни категории – јуниори и сениори. Македонија ја претставуваат дваесетина репрезентативци, кои се борат за поени неопходни за што повисок пласман на табелата од серијата светски купови.
Купот е според календарот на ФАИ (Светската воздухопловна федерација) и ВФМ (Воздухопловната федерација на Македонија), а домаќин е клубот Фил феникс од Прилеп.