Иако од првенството на Првата фудбалска лига на Македонија остануваат уште три кола, тоа веќе е завршено за прилепска Победа. Овој тим по вчерашниот пораз (0:4) дома од Скопје веќе е ранг подолу – Втората лига, со оглед на недостижната разлика во бодовите со Скопје, 13 со 22.
Симпатизерите на прилепскиот клуб веднаш прашуваат: Што натаму? Отстрана гледано не е лесно да се каже што треба да се направи. Не е мудро да дава одговор некој што во детали не ја знае реалната состојба од сите аспекти. Само ако се знае кои се проблемите, ќе може да се решаваат.
Треба да се почека да се види кои ќе бидат амбициите на Победа во второлигашкиот ранг, кој, секако, не е за потценување.