Фудбал

ПРИЛЕПСКИ ЕКИПИ ВО ДРУШТВО НА ЗВЕЗДА, ПАРТИЗАН, ДИНАМО…!

Има промена на времето за одржување на Меѓународниот фудбалски турнир за деца родени меѓу 2011 и 2017 година „Чин-чин куп“ во Златибор, Србија. Следното 14. издание, наместо како што прво беше најавено – од 25 до 28 април, ќе биде малку порано, од 18 до 21 април оваа година. Значи – една недела порано сите екипи учеснички (има од Прилеп и од други места на Македонија) ќе се појават во регионот на преубавата природа, на терените на Златибор.

Според главните луѓе од организацијата, Влада Мартинов и Игор Митиќ, покрај екипи од сите некогашни републики на СФР Југославија (Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија), најавено е учество и од Бугарија, Молдавија и Романија. Очекувањата се за настап на 120 до 140 тима, меѓу нив од гигантите:  Црвена звезда и Партизан од Белград, Динамо од Загреб.

Од категоријата

(фото) ПОБЕДА – ВАРДАР ПЕТ:ПЕТ!

Зоран Иге

(резултати, состави, стрелци) МЕЧОТ БАШКИМИ – ПОБЕДА ЗАКЛУЧЕН ПО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ!

Зоран Иге

(резултати, состави, стрелци) ГОЛОВИ ПО 83. МИНУТА ВО ПРИЛЕП, СРЕЌА ЗА БРЕГАЛНИЦА ВО СТРУМИЦА И ЗА ДЕТОНИТ ВО ОХРИД!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе