Четири гола се постигнаа во првото полувреме од мечот Башкими – Победа, во 7. коло од Втората лига на Македонија. На неутралниот терен во Гостивар, стрелци за тимот во улога на домаќин беа Меметриза Хамза во 7., Хусеин Демири во 17., Хебиб Саити во 45+2., а за гостинскиот Никола Талески во 22. минута. При резултат 1:0, шутот на Христијан Сркески заврши во гредата. Ова навестуваше бурно второ полувреме, но по одморот немаше голови, така што 3:1 е и конечниот резултат.
БАШКИМИ: Стојковски, Пановски, Мислими, Јусуф (60. Ф. Реџепи), С. Реџепи, А. Демири (88. Мурати), Алији (77. Сулимани), Х. Саити (88. Е. Саити), Митревски, Хамза, Х. Демири (77. Имери). Тренер: Блаже Јанакиевски.
ПОБЕДА: Столевски, Ивчески, Андоновски (66. С. М. Спиркоски), Н. Талески, Д. Дебрешлиоски, Јошески, Ристов (66. Д. Спиркоски), Д. Шаркоски (75. Арифи), Кукески, Ѓурчиновски, Богевски. Тренер: Јане Николоски.
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО: Башкими – Победа 3:1, Детонит – Вардар Н. 1:1, Брегалница – Кожуф 1:0, Борец – Скопје 2:2, Македонија ЃП – Осогово 2:0, Арсими – Вардарски 3:0, Беласица – Саса 2:2, Охрид – Новаци 3:1.
ТАБЕЛА: Брегалница 17, Македонија ЃП и Башкими 16, Арсими 15, Кожуф и Детонит 12, Новаци и Охрид 10, Саса 9, Скопје 8, Беласица 6, Вардар Н. и Осогово 5, Победа и Борец 4, Вардарски 2.
СЛЕДНО 8. КОЛО (19 октомври во 14 часот): Вардар Н. – Победа, Новаци – Башкими, Саса – Охрид, Вардарски – Беласица, Осогово – Арсими, Скопје – Македонија ЃП, Кожуф – Борец, Детонит – Брегалница.