Шах

(фото) И ДАНЕЦ НА ТУРНИРОТ ВО ПРИЛЕП!

Денеска е ден на шахот во Прилеп, затоа што во СОУ “Орде Чопела” се одржува второто издание на Меѓународниот брзопотезен турнир “МАТ”, посветен на починатите прилепски шаховски легенди Митре Џајковски, Александар Тодороски, Тане Дулев, Миле Богески и Ордан Ѓорѓимајкоски. Учесници се вкупно 173 шахисти од пет држави. Покрај од Македонија, има гости од Бугарија, Грција, Србија и Данска. Највисок рејтинг од 163 Македонци има ИМ Филип Панчевски (2423 поени), од четворицата српски претставници е ИМ Милош Станковиќ (исто 2423), од двајцата бугарски е ВМ Петар Дренчев (2338), од тројцата грчки е Димитриос Келекис (1380), а единствен дански претставник е Петрули Петровски (1861).

Прилеп како град домаќин е претставен со многу учесници, меѓу кои ВМ Звонко Станојоски (2333), ФМ Роберт Велески (2126), Дејан Ѓорѓиески (2073), Горан Готовуша (2009). Велемајстор е уште нашиот Драгољуб Јаќимовиќ (2355), интермајстори се шестмина, фидемајстори петмина.

Турнирот е рејтингуван по ФИДЕ, а организатор е ШК Прилеп.

Фото галерија

https://www.facebook.com/ShampionMK/posts/920342206553111?ref=embed_post

Од категоријата

ПРИЛЕП ТРЕТ, АЛКАЛОИД ПРВ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СО ТРОЈЦА СРБИ ГО НАПАЃА ФАВОРИТОТ

Зоран Иге

ВЕЛЕСКИ СО ВИСОК ПЛАСМАН ВО БЕЛГРАД!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе