Фудбал

(резултати, состави) ГНЕВ ОД ПОБЕДА ЗА 7 ЖОЛТИ И 3 ЦРВЕНИ КАРТОНИ!

Екипата Победа наместо да искажува вобичаено задоволство по освоениот гостински  бод и со одличната, офанзивна игра на младите нејзини фудбалери, по денешниот меч во Новаци (2:2), не може да го запре револтот кон судијата Фатмир Бафто од Охрид. Причина се доделените жолти и црвени картони, во еден борбен, но релативно мирен, фер и коректен натпревар. Жолти картони доделени се на Никола Сарески, Александар Новески, Марко Ристов, Бојан Ивчески, Ивица Трајкоски, потоа уште по еден на Александар Новески (83. м.) и Никола Сарески (91. м.), така што овие двајца добија и црвени картони, додека директен црвен картон во судиското надополнување од мечот е покажан на Јане Николоски, шефот на Стручниот штаб. За споредба, кај екипата Новаци се пет жолти картони, за Јасин Казимоски, Стефан Јовановски, Владимир Недановски, Благој Стојчев и Јоцо Ѓорговски.

Најинтересното, головите, паѓаа по овој редослед: 0:1 преку Давид Дебрешлиоски во 60. минута, 1:1 со голот на Христијан Торнески во 67. 1:2 преку Дестан Адили во 75, 2:2 со голот на Иве Трифуновски во 84. Прилепскиот тим беше на добар пат да забележи триумф, но и бодот е вреден во борбата за издигнување кон средината од табелата. Следи подготовка до 30 март за дуелот дома со Саса.

НОВАЦИ: Симоновски, Петкоски, Б. Стефановски, Казимоски (59. Сефедин), С. Стефановски, Ајетовиќ, Трифуновски, Јовановски (71. Тасевски), Недановски, Торнески, Стојчев (56. Ѓорговски). Тренер: Дарко Крстески.

ПОБЕДА: Столевски, Сарески, Новески, Д. Дебрешлиоски (90+3. Г. Димоски), Табаковиќ (66. И. Трајкоски), Ристов (77. Л. Петејчук), Ивчески, Кофиловски, Адили (77. Д. Шаркоски), Да. Спиркоски, Богевски. Тренер: Јане Николоски.

РЕЗУЛТАТИ: Новаци – Победа 2:2, Скопје – Охрид 3:0, Вардар Н. – Арсими 0:0, Караорман – Пелистер 1:4, Кожуф – Беса 0:2, Детонит – Тетекс 2:0, Саса – Башкими 1:0, Беласица – Осогово 1:1.

ТАБЕЛА: Беса 54, Пелистер 48, Детонит 45, Арсими 39, Скопје 34, Охрид 33, Башкими, Вардар Н. 28, Беласица 27. Кожуф и Новаци 24, Тетекс 20, Победа 19, Осогово 17, Караорман 15, Саса 14.

СЛЕДНО 22. КОЛО (30 март во 15 часот): Победа – Саса, Охрид – Беласица, Осогово – Новаци, Башкими – Детонит, Тетекс – Кожуф, Беса – Караорман, Пелистер – Вардар Н., Арсими – Скопје.

Од категоријата

МЕЧОТ Е ПРЕМЕСТЕН ЗА В ЧЕТВРТОК!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ЛИДЕРОТ ДО ПОБЕДА ВО 86. МИНУТА!

Зоран Иге

ВОСКА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе