Фудбал

УШТЕ ИМА ФУДБАЛ: В НЕДЕЛА СЕ ДОДЕЛУВА ПЕХАР ВО ПРИЛЕП!

Во саботата беа бараж-мечевите за Прва и Втора лига, потоа и славењето на победниците, но сезоната се уште не е завршена. В недела (17 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е финалниот меч од Купот за територијата на ОФС Прилеп. Се среќаваат Победа (Прилеп) – Црвена ѕвезда (Сенокос), второлигашот против новиот третолигаш. Ова е можност за Победа сезонава да освои пехар, додека Црвена ѕвезда веќе има освоено еден, по победата над Кадица (Забрчани) во финалето од плејофот за првак на општинските лиги од ОФС Прилеп. Во Купот можни се изненадувања, па да видиме што ќе се случи в недела.

Минатата година Победа имаше статус на прволигаш и не зеде учество во оваа фаза од Купот, така што третолигашот Питу Гули од Крушево го освои пехарот, по победата од 3:0 над Стрела (Ерековци).

Од категоријата

ОДРЕДЕНИ КАЗНИТЕ ЗА ЦРВЕНИТЕ КАРТОНИ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

МЛАД ТРЕНЕР ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

ДАЛИ ЌЕ ИМА СУДИСКА АНАЛИЗА ЗА 54. МИНУТА ОД МЕЧОТ БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе