Шах

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ ОДИГРА 22 ПАРТИИ ЗА ТРИ ДЕНА ВО БУГАРИЈА!

Во Шумен, Бугарија се одржаа два меѓународни шаховски турнира, од 26 до 28 јули. На нив единствен претставник од Македонија беше фидемајсторот  Роберт Велески. Прилепчанецот одигра 22 партии за три дена.

На тридневниот „Опен рапид“ се одиграа 11 кола. Меѓу 207 учесници од Бугарија, Романија, Италија, Украина, Турција, САД, Франција, Косово, Србија и Македонија, Велески стигна до пласман на 31. место со освоени 7 поени. Победник е ИМ Цветан Стојанов (Бугарија) со 9 поени.

На еднодневниот „Опен блиц“ пак се одиграа 11 кола. Меѓу 166 учесници од Бугарија, Украина, Италија, Турција, Украина, Романија, Турција, САД, Косово, Данска, Србија и Македонија, Велески го освои 32. место со 7 поени. Победник тука е ВМ Мартин Петров (Бугарија) со 9 поени.

Следно учество на ФМ Роберт Велески е на Меѓународниот турнир „Голд Фелиција“ на 4 август во Битола.

Од категоријата

ПУЛА: ВЕЛЕСКИ МЕЃУ РИВАЛИ ОД 32 ЗЕМЈИ!

Зоран Иге

НА СТРАШНО СИЛНОТО ЕВРОПСКО ИМА И ПРИЛЕПЧАНЕЦ

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ УСПЕШНИ ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе