Фудбал

ОСТАВКА ВО ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА!

По денешниот пораз од Башкими (3:1) во Гостивар, шефот на Стручниот штаб на Победа, Јане Николоски, поднесе оставка. Истата е прифатена од Управниот одбор на клубот. Образложението е едноставно и јасно – низата од негативни резултати, серијата од три пораза со ред, пласманот блиску до дното по седум одиграни кола. Инаку, Јане Николоски точно пред една година го наследи Филип Мирчески, во сезоната кога младиот прилепски тим на крајот избори опстанок во Втората лига. 

По денешнава одлука, стручниот дел од работата во Победа ќе го води Стојанче Дунимаглоски, досегашниот помошник-тренер, а во улога на негов соработник е Христијан Сркески, тренерот на голманите. До следниот меч има пауза, гостувањето кај Вардар во Неготино е на 19 октомври.

Од категоријата

(резултати, стрелци) ЧУДА ОД ПРИЛЕПСКИОТ ВЕЈН РУНИ!

Зоран Иге

ВО ПРИЛОГ НА ШТИПЈАНИТЕ Е ТАБЕЛАТА, НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ – ТРАДИЦИЈАТА!

Зоран Иге

(фото, видео, состави) ПО НЕИСКОРИСТЕН ПЕНАЛ, ТРГНА НАОПАКУ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе