По повод празникот 11 Октомври во Куманово се одржа двомеч во стрелаштво „11 Октомври“, со учество на екипите Куманово 2000 (Куманово) и Стрелец 09 (Прилеп), во дисциплината сериска пушка. Екипно Куманово 2000 погоди 470 круга, а Стрелец 09 со 415.
Поеденечни резултати: Атанас Андоновски (Куманово 2000) со 164 (82) круга, Мартин Димитриоски (Стрелец 09) со 164 (80) и Среќко Јакимовски (Куманово 2000) со 161.
Екипите ги водеа: домашниот тренер Звонимир Бошковски и гостинскиот Славчо Трајкоски.