Одмор е, но не за сите фудбалери. За професионаците практично нема апсолутен одмор. Тие и во летната пауза или тренираат индивидуално или во мала група, без присуство на тренер. Така е деновиве во Прилеп. Дознаваме дека на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ неколку дена тренираат фудбалери на прволигашот Победа, како Дарко Тофилоски, Стефан Спиркоски, Антонио Бошески, Бојан Спиркоски, Дарко Анѓелески за кого се зборува дека заминува во Силекс… Во групата е и Илија Несторовски, наш репрезентативец кој настапува во Италија. Имало и група на игралиштето кај Могилата, во која е Нигериецот Удома Чуквума од Пелистер, заинтересиран да и пристапи на Победа.
Сега – засега се тренира самоиницијативно, до денот на прозивката која треба да ја одреди тренерот на Победа, битолчанецот Димитар Капинковски, Црногорецот Славољуб Бубања или, можеби, некој трет.