Нема повеќе дилеми – Бобан Бабунски е новиот шеф на Стручниот штаб на Победа. Предмалку беа ставени потписите на договорот со кој прилепскиот фудбалски прволигаш го има за тренер познатиот 54-годишен стручњак. Ова беше и очекувано од страна на многубројните симпатизери на Победа, кои уште пред две-три недели слушнаа дека некогашниот југословенски и македонски репрезентативец е можна опција.
В понеделник во 17 часот е првиот тренинг на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
СИТЕ ОСТАНУВААТ!
По доаѓањето на Бабунски во Прилеп, се враќа оптимизмот во Победа и кај нејзините приврзаници. Така, очекувањата се да остане досегашниот играчки кадар. Впрочем, само Дарко Анѓелески замина, во Силекс.
Секако дека се очекуваат и неколку нови во прилепскиот клуб.
НОВА ОПРЕМА
Дознаваме дека Победа ќе настапува во нова опрема во претстојното прволигашко првенство. Се работи за 30 комплети. Управата настојува да обезбеди што е можно подобри услови.
Претходно теренот беше саниран во пресрет на подготовките.