Четврти ден во Струга е 30. издание на Државното екипно првенство на Македонија во шах, на кое учесници се осум тима. Во првите три кола два тима редат само победи – шампионот, скопски Алкалоид и Прилеп. Алкалоид со Анпасан од Шипковица победи со 4:2, со Куманово 3,5:2,5, со скопски Гамбит 3,5:2,5. Прилеп уште поубедлив во победите, над битолски Стево Патако со 5:1, над Анпасан со 5:1, над Куманово со 3,5:2,5. Попладнево од 16 часот е дербито Алкалоид – Прилеп. За Алкалоид настапуваат: ВМ Ју Јанџи од Кина, ВМ Шант Саргсјан од Ерменија, ВМ Александар Инѓиќ од Србија, како и домашните шахисти ВМ Звонко Станојоски, ИМ Филип Панчевски, ИМ Тони Лазов. За Прилеп се пријавени: ВМ Бобан Богосављевиќ, ВМ Никола Седлак, ВМ Мирослав Миљковиќ сите од Србија, како и домашните ИМ Дејан Стојановски, ИМ Тони Кироски и ФМ Славе Трајкоски.
ДРУГИТЕ МЕЧЕВИ ОД 4. КОЛО: Гамбит – Стево Патако, Анпасан – Гостивар, Куманово – Фишер (Куманово).