Фудбал

НАЈДОБРИОТ СПОРТИСТ НА ПРИЛЕП ПОПЛАДНЕВО Е ПРОТИВ ПОБЕДА!

Попладнево (16 ч.) се натпреварите од 30. рунда на фудбалската Прва лига на Македонија. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е дербито на дното, Победа – Скопје. Интересно е што шеф на Стручниот штаб на Скопје е Мирсад Јонуз, човек кој е поврзан со Прилеп повеќекратно. Беше голман на Победа од 1986 до 1988 година, најдобар спортист на Прилеп за 1987 година, тренер на Победа од 2001 до 2002 а оттука избран за селектор на младата, потоа и на сениорската репрезентација на Македонија. Во екипата на Скопје има довчерашни првотимци на Победа, Миле Тодоров и Амасихоху Џејмс.

ДЕНЕСКА ОД 16 ЧАСОТ: Победа – Скопје, Силекс – Шкупи, Брегалница – Струга, Тиквеш – Работнички. ВЧЕРА: Шкендија – Македонија ЃП 3:1.

TАБЕЛA: Струга 56, Шкендија 54, Шкупи 49, Силекс 44, Брегалница и Македонија ЃП 36, Тиквеш и Работнички 31, Академија Пандев 26, Скопје 19, Победа 13.

 

Од категоријата

ДОАЃААТ НА ПРОБА, КОЈ ЌЕ И ПРИСТАПИ НА ПОБЕДА?

Зоран Иге

УТРЕ СО ВОСКА!

Зоран Иге

ТРИЕСЕТ МИНУТИ ЧЕКАЊЕ ЗА ДА СЕ ПОЈАВИ ЕКИПАТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе