Шах

ЧУДО: ЕДЕН ДЕН, ДВА ТУРНИРА ВО ДВА ГРАДА – ИСТИ УЧЕСНИЦИ!

Неуморни се шахистите од прилепските клубови Прилеп и Пелагон. Во неделата учествуваа и имаа успеси на два брзопотезни турнира. Прво на турнирот од клубот Нов напредок во Штип, Кире Николоски (Прилеп) го освои третото место со 4,5 поени, меѓудругите победувајќи го бившиот државен шампион Филип Михов. Клупскиот другар на Николоски, ИМ Тони Кироски го зазеде петтото место со 4 поени. Во конкуренција на 15 шахисти победи ИМ Никола Николовски (Гамбит, Скопје) со 6,5, пред ИМ Тони Лазов (Алкалоид, Скопје) со 6 поени. Истиот ден потоа прилепските шахисти отпатуваа на турнирот на клубот 7 Ноември во Гевгелија. Таму Кире Николоски беше втор со 7 поени, ИМ Тони Кироски трет со 6,5, Горан Готовуша (Пелагон) четврти со 6, Марјан Дамчески (Пелагон) петти со 5,5. Меѓу 20 учесници победник е ИМ Тони Лазов со 7,5 поени.

До крајот на летото има уште учества на турнири и првенства.

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ НАЈБЛИСКУ ДО ФАВОРИТОТ ОД АНГЛИЈА

Зоран Иге

НОВ УСПЕХ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ СТАНОЈОСКИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО НАЈГОЛЕМ УСПЕХ ДОСЕГА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе