Томислав Квастек е најновото засилување за ракометниот суперлигаш Прилеп. Има само 21 година, игра на позицијата пивот, а доаѓа од хрватскиот вицешампион Нексе. Тој веќе одигра за Прилеп на синоќешниот првенствен меч со Бутел, каде домаќинот победи со 28:27, а Квастек беше стрелец на 6 гола, покрај Владан Кастратовиќ со 7 (среден бек од Црна Гора) и Левани Имнадзе со 5 (десно крило од Грузија). Потсетуваме, меѓу деветте нови играчи на Прилеп се уште: Давид Ацевски (голман од Јуниор КВ), Драган Јелушиќ (среден бек од Црна Гора), Томче Трајчевски (пикер од Радовиш), Никола Цветаноски (лев бек од Струга), Пеце Рајатовски (десно крило од Голден арт) и Денис Шабановиќ (десно крило од Црна Гора).
Следен дуел на Прилеп е со Пролет во Скопје.