Фудбал

(фото, резултати и табели) МЛАДИНЦИТЕ НА ПОБЕДА СО НАЈСИЛЕН ОТПОР!

Денеска продолжија натпреварите од 2. коло на Супер лигите за млади категории фудбалери. На теренот со вештачка трева во Прилеп паднаа 10 гола на новите мрежи, поставени од ЖФК Цевитана и ОФС Прилеп.

Прво се сретнаа кадетите на Победа и Шкендија. Гостите од Тетово победија убедливо со 5:1, со головите на Албион Муслии од пенал, Али Хисар 3 и Херодиан Хисени, а голот за прилепскиот тим го постигна Салим Арифи од пенал.

Подоцна на младинскиот дуел, Шкендија победи со 3:1, со головите на Веби Ислами, Даут Каримани и Ендрит Иљази, додека голот за Победа е дело на Дино Стефаноски. Според овој резултат (1:3), младинците на Победа дадоа најсилен отпор во споредба со кадетите, постарите и помладите пионери.

Во следното 3. коло се среќаваат: Победа – Вардар, Скопје – Работнички, Македонија ЃП – Брера, Тетекс – Пелистер, Беласица – Шкендија, Брегалница – Шкупи. Подолу се сите резултати и табели:

ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ

ПОСТАРИ ПИОНЕРИ

КАДЕТИ

МЛАДИНЦИ

 

Од категоријата

ПО ТРИ НЕДЕЛИ „ГЛАД“ ЗА ФУДБАЛ, СЕ ПОЛНИ ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Зоран Иге

СО ЖДРЕПКА КОМПЛЕТИРАНА Е ВТОРАТА ЛИГА СО 16 ТИМА!

Зоран Иге

(ВИДЕО) БАБУНСКИ: СЕ НАДЕВАМ ДА ПОТПИШЕ ИГРАЧОТ СО ИСКУСТВО ОД БЕЛГИЈА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе