Викендов, по пауза од 16 дена, продолжуваат натпреварите од Супер лигата на Македонија за млади категории фудбалери. Според распоредот, се игра 8. коло. Утре (сабота) на теренот со вештачка трева во Прилеп прво во 10 часот е мечот меѓу помладите пионери на Победа и Тетекс. Во 12 часот е дуелот меѓу постарите пионери. В недела во Тетово прво (10 часот) играат кадетите на двата клуба, потоа (12 ч.) се среќаваат младинците.
ДВОЈКИ: Победа – Тетекс, Беласица – Скопје, Брегалница – Македонија ЃП, Шкупи – Работнички, Вардар – Брера, Шкендија – Пелистер.