Ракомет

ДВА МЕЧА ВО „РИЧКО“: ДЕСПИНА – ВАРДАР, ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ!

Денеска (сабота) се првите есенски ракометни натпревари и во машка и во женска конкуренција. Според распоредот, двете сениорски екипи од Прилеп се домаќини, така што во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” се играат два меча, па публиката четири часа може да се изнагледа ракомет.

Прво од 16 часот е женскиот дуел Деспина – Вардар, од 1. рунда на Супер-женската лига В-група. Деспина е засилена со две повратнички – голманката Матеа Чурлиновска и левото крило Адела Еленин. Летово тимот одигра еден тест-меч со штипски Астибо, дуел завршен со победа.

Веднаш потоа, од 18, 30 часот, на истиот паркет е машкиот дуел Прилеп – Пролет, во 1. коло на Супер-машката лига.

Во Супер-женската лига се 15 тима распоредени во три групи, а во Супер-машката се 12 тима.

Од категоријата

ПРИЛЕП НА ГОСТИ ВО ЛЕСКОВАЦ

Зоран Иге

ГОСТИТЕ ДВАПАТИ НАДМОЌНИ

Зоран Иге

(ФОТО) ВАЖЕН ТРИУМФ НА ПРИЛЕП ВО БОРБАТА ЗА ОПСТАНОК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе